Почетна Вести Регион Амфилохије приведен, па ослободен од црногорската полиција
Амфилохије приведен, па ослободен од црногорската полиција

Амфилохије приведен, па ослободен од црногорската полиција

361
0

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, бил приведен во центарот за безбедност во Подгорица.

Како што информираат српските медиуми, митрополитот бил приведен по неговата служба во црква во населбата Златица во Подгорица.

„Митрополитот е во Центарот за безбедност во Подгорица. Тој беше приведен по службата, за време на која владееше вистинска опсада пред светото место. Неколку свештеници од храмот на Христовото воскресение се исто така уапсени. Очигледно, ова е демонстрација дека во Црна Гора почнува да се применува Законот за слободата на вероисповед“, изјавил за „Вечерње новости“ еден од свештениците присутен на настанот.

Од почетокот на годината, Српската православна црква редовно организира протести во црногорските градови поради спорниот Закон за вероисповед.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *