Висока делегација на САД била во посета на Грузискиот патријарх Шио III на 27 мај годинава. Средбата се одржала во Патријаршиската резиденција, каде патријархот се сретнаал претставниците на американскиот Стејт департмент Чарлс Јоки и Питер Андреоли, како и нивните соработници и вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Грузија, Алан Персел.
-Членовите на американската делегација му го честитаа устоличувањето на поглаварот на Грузиската црква како католикос-патријарх и повеќепати ја истакнаа улогата на Православната црква во историјата на Грузија. Разговорот се осврна и на односите меѓу двете земји и нивните заеднички христијански вредности. Двете страни уште еднаш ја изразија подготвеноста за продлабочување на соработката и зацврстување на овие вредности. Особено беше истакнато дека годинава во Грузија се одбележуваат 1700 години од прогласувањето на христијанството за државна религија. Во врска со настаните планирани по тој повод, католикос-патријархот на цела Грузија ја покани делегацијата на американскиот Стејт департмент да присуствува на свеченостите, стои во сооштението на Грузиската црква.

