244
0
Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси најостро ги осуди денешните бомбашки напади врз египетските Копти и порача дека двата напади врз христијаните се исто и напади против муслиманите во земјата.
– Овој терор, насочен против нашата татковина ќе го сплоти уште повеќе египетскиот народ во стремежот му да се спротивстави на тероризмот и да воспостави безбедност во земјата, изјави Ал Сиси.
Тој изрази сочувство на семејствата на загинатите и свика итен состанок на Националниот совет за одбрана, на кој ќе се дискутира за тоа што се случи во Танта и Александрија.