Акција на АНБ и МВР во Скопје: петмина уапсени, поврзани со тероризам и со ИСИС

Date:

Share post:

Агенцијата за национална безбедност во координација со Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 28.09.2026 година презеде мерки за сузбивање активности на издиференцирани безбедносно интересни лица кои се осомничени за сторено кривично дело по член „394-б” од КЗ Тероризам и член „396″ од КЗ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

-Во рамките на оперативната акцијата од слобода се лишени вкупно пет лица, притоа извршен е претрес на повеќе локации на подрачјето на Скопје, и тоа во с.Сингелиќ, Чаир и с.Брест, при што пронајдени и одземени се количества на нелегално оружје, пиштоли, автоматски пушки, муниција, тактички елеци и останата опрема, пропаганден материјал од меѓународната терористичката организација „Исламска држава”, компјутерски единици за „копање” криптовалути, како и останата документација. Станува збор за верско радикална групација надоврзана на транснационални криминални организации која се поврзува со дела на насилство, изнуда, киднапирање, лихварство, недозволена трговија на наркотици, трговија со оружје, и останати криминогени активности. Исламско радикалниот елемент е одлика која е взаемна кај повеќето членови на групата, имено истите се идеолошки следбеници на радикални имами кои се поддржувачи и прокламатори на меѓународни терористички организации. Воедно, дел од уапсените се во блиски релации со странски терористички борци од земјава и регионот, информираат од АНБ и додваат:

-Индоктринирањето на млади лица од страна на истакнатите членови на групата е модус операнди кој континуирано се применува. Верските објекти каде се практикува радикалниот ислам и онлајн радикализацијата претставуваат иницијални тригери за регрутација на младите, кои подоцна се интегрираат во дадени криминогени активности на групацијата, се вели во информацијата.

Според МВР, пак, на 28.09.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за нацонална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

-Постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, извршени се претреси кај шест лица, на вкупно 12 локации на подрачјето на Град Скопје, при што од слобода се лишени пет лица. При извршените претреси, се пронајдени и одземени автоматски пушки, рамки за автоматски пушки, снајперска пушка, рамка за снајперска пушка, пиштоли, куршуми од различен калибар, тактички елек, радио врски, официјално знаме на терористичката организација ИСИС, поголема количина на електронски уреди,  мобилни телефони, како и поголема сума на денарски и девизни парични средства, информираат од МВР.

Во текот на претресите е утврдено и неовластено користење на електрична енергија, за што се преземаат дополнителни мерки и активности согласно законските надлежности.

-К.И. (34) во 2023 година започнал со делување во рамки на злосторничка организација – огранок со основи на идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС, со цел извршување на кривични дела на територијата на нашата држава. Како припадник на терористичката организација ИСИС, вршел индоктринација на млади лица за исполнување на цели на терористичката организација ИСИС, а исто така ширел пропаганден материјал со екстремна и радикална содржина и набавувал и ракувал со огнено оружје. Б.А.(24) и Е.С.(30) заедно со К.И. формирале група во која неовластено поседувале, посредувале и тргувале со огнено оружје и муниција. Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 29.09.2026 до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица од Скопје, К.И. (34) за сторени кривични дела „тероризам” (чл.394-б ст.5 в.в. ст.1) и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи” (чл.396 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.6) од КЗ, како и против Б.А. (24) и Е.С. (30) за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи” (чл.396 ст.6 в.в. ст. 1) од Кривичен Законик, информират од МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img