Во организација на Заедницата на Хрватите во Македонија во сабота, 23 април оваа година, во Скопската Катедрала „Пресвето Срце Исусово“ ќе биде организиран Велигденски концерт на октетот „Sursum corda”, насловен „Mysterium pashale“.
Октетот „Sursum corda” е октет во рамките на Католичкиот богословски факултет во Ѓаково, Хрватска. Диригентската палка му припаѓа на Емануел Матес.
Овој концерт претставува духовно патување низ таинството на Христовото страдание, смрт и славно воскресение, посочуваат од организациониот одбор.
За сите кои ќе сакаат да го посетат овој Велигденски концерт влезот во Скопската Катедрала е слободен. Концертот почнува во 19 часот.

