ИВАНОВ: Заедно градиме дом на сплотеност и разбирање

Date:

Share post:

evrejska zaednica 1Еден од најголемите еврејски празници, празникот Пасха во себе ја содржи пораката за слобода, правда и достоинство, пишува Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во честитката за големиот еврејски празник Пасха, испратена до Берта Романо-Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, како и до сите припадници на оваа заедница во Македонија.

-Гледајќи наназад низ историјата, празникот го слави ослободувањето на Евреите, но и го отсликува поривот за победа, саможртвата и непокорот на еден народ. Македонската историја, бележи многу херои и жртви на знајни и незнајни јунаци кои ги поставија темелите на сувереноста на Република Македонија.  Сите заедно градиме дом на сплотеност и разбирање. Негувајќи ги меѓусебните односи, културата и традициите, градиме дом на соживот и вредности за идните генерации, вели македонскиот претседател во честитката за еврејскиот празник Пасха.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img