Српскиот патријарх Порфириј се сретнал со московскиот патријарх Кирил во Даниловиот манастир во Москва, каде што разговарале за односите меѓу двете цркви и за прашањето на сеправославното единство.
Средбата се одржала на 21 ноември, во рамките на посетата на српскиот патријарх на Москва, каде што присуствуваше на свеченостите по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх.
Според соопштението на Српската православна црква, двајцата патријарси заедно се помолиле во храмот на Сите светии во Даниловиот манастир, по што одржале братска средба.
Во разговорите посебно внимание било посветено на сеправославното единство, како и на билатералните односи меѓу Српската и Руската православна црква.
Контактот меѓу Порфириј и Кирил се случува во период на сериозни несогласувања во православниот свет, особено по признавањето на автокефалноста на Православната црква на Украина од страна на Вселенската патријаршија и последователното прекинување на евхаристиското општење на Московската патријаршија со повеќе цркви.
Српската православна црква досега не ја призна автокефалноста на Православната црква на Украина, а во односите со Москва ја задржува блиската црковна соработка.

