Охридските црковни старини однесени во Софија во 1916 година повторно во фокусот по размената на артефакти

Date:

Share post:

Размената на коските на цар Самоил за 48 црковни артефакти меѓу Бугарија и Грција отвора и прашање за потеклото на дел од предметите, особено за оние за кои постојат податоци дека се поврзани со црковното наследство на Охрид.

Во колумна објавена во „Цивил медиа“, Оливер Анднов посочува дека меѓу предметите предадени на Грција се наоѓа и реликвијар со мошти на Света Матрона Константинополска. Според него, постојат податоци дека овој предмет потекнува од црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид. Анднов прашува како реликвијарот се нашол на списокот на 48-те предмети и зошто ова прашање не било отворено во јавната дебата.

Авторот ова го поврзува со настан од Првата светска војна. Тој наведува дека на 28 ноември 1916 година од Охрид во Софија биле однесени 84 црковни старини, наводно за „привремено чување“.

Меѓу предметите што ги издвојува се икона на Христос Спасител, плаштеница поврзана со династијата Палеолози, сребрен реликвијар со мошти на Света Матрона, два старословенски евангелски ракописи од манастирот „Свети Наум“, жезолот на Свети Климент и митра на охридските архиепископи. Анднов наведува дека на документот за предавање на старините биле потпишани претставници на тогашната охридска управа и црковни и револуционерни дејци.

За Анднов, ова прашање не треба да биде повод за нов спор меѓу Македонија и Бугарија, туку можност да се отвори дебата за враќањето на предметите во Охрид. Тој смета дека повикувањето на европските вредности во односите меѓу двете држави треба да се однесува и на решавањето на прашањата поврзани со културното и црковното наследство.

Во колумната Анднов предупредува и дека расправата за Самоил може да се прошири кон прашањето за историскиот и „етничкиот“ карактер на Охридската архиепископија. Тој смета дека таквата дебата може да стане ново поле за политички конфронтации, наместо простор за сериозно историско истражување.

Прашањето за потеклото и движењето на охридските црковни старини, како и за нивната можна реституција, сепак, бара проверка на историската документација и на податоците за секој предмет одделно.

Целиот текст на Цивил Медиа

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img