Бугарската црква ги потврди одлуките од Крит, иако не улествуваше на Соборот

Date:

Share post:

Бугарската православна црква го потврди значењето на Соборот на Крит од 2016 година, десет години по неговото одржување, иако беше една од четирите црки кои не учествуваа.

Варненскиот и Великопреславски митрополит Јован учествуваше на меѓународна научна конференција во Франција, каде што зборуваше за актуелноста на соборското послание и предизвиците пред црковното сведоштво во современиот свет.

Учеството на митрополитот Јован е одлука на Светиот синод на БПЦ, донесена на седницата од 2 октомври.

Во својот извештај „Мисијата на Православната црква во современиот свет: актуелност на соборското послание од Крит и предизвици пред црковното сведоштво денес“, митрополитот Јован го нагласува значењето на документот усвоен на Соборот, особено неговото разбирање на мирот, правдата, човечкото достоинство и братството како делови од единственото христијанско разбирање за човекот.

Главната порака што БПЦ ја испрати е дека документот од Крит не треба да се гледа само како запис од еден завршен црковен настан, туку како актуелен израз на присуството на Црквата во историјата и на нејзиното сведоштво во современиот свет.

Други претставнииц на БПЦ зборуваа за автонмијата и развојот на текстот од предсоборската подготовка и усогласениот проект од 2009 година, преку разговорите на Петтото предсоборско сеправославно советување во 2015 година, до неговото усвојување на Соборот.

Посебно внимание е посветено на овластувањата на црквата-мајка при доделувањето автономија, канонската поврзаност со неа, како и прашањата за дијаспората и судската надлежност. Анализирани се и двете дополнувања внесени во Крит, кои се однесуваат на канонските предуслови и судењето на епископите.

На меѓународната конференција учествуваат научници и професори од повеќе земји, како и претставници на повеќе помесни православни цркви, меѓу кои Вселенската патријаршија, Александриската, Ерусалимската, Антиохиската и Романската патријаршија, Српската и Грузиската патријаршија, Кипарската црква и Грчката православна црква.

БПЦ потсетува дека нејзини официјални претставници учествувале во сите подготвителни фази за Сеправославниот собор и го потпишале последниот предсоборски текст.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img