Архиепископот Стефан одбележува 40 години епископска служба

Date:

Share post:

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан годинава одбележува 40 години од својата епископска хиротонија, а јубилејот ќе биде одбележан в недела, соопшти денеска Скопската епархија на МПЦ-ОА.

По тој повод, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе биде отслужена Света литургија, со почеток во 9 часот.

„По повод празнувањето на Денот на сите македонски светители и одбележувањето на 40-годишнината од епископската служба на Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, упатуваме срдечна покана до сиот верен народ за заедничко литургиско чествување“, објави Скопската епархија.

Стефан, е хиротонисан за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје. Тогаш бил избран за митрополит Злетовско-струмички, а по поделбата на епархијата продолжил како митрополит Брегалнички, со седиште во Штип. Во монашки чин бил потстрижен на 3 јули 1986 година во манастирот „Свети Наум Охридски“.

Тринаесет години подоцна, на Црковно-народниот собор одржан на 9 октомври 1999 година во Охрид, Стефан бил избран за поглавар на МПЦ-ОА, а следниот ден, на 10 октомври, бил востоличен како петти архиепископ на Македонската православна црква.

Неделното чествување се совпаѓа и со празникот Собор на сите македонски светители, кој се празнува во првата недела од октомври. Празникот е посветен на заедничкото одбележување на светителите поврзани со Македонија и со христијанската традиција на овие простори.

За архиепископот Стефан, сепак, годинашното празнување има и личен јубилеен карактер – четири децении од неговото стапување во епископската служба и 27 години од неговото избирање за поглавар на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img