Договорот меѓу Грција и Бугарија за враќање на 48 црковни предмети во замена за предавањето на останките што се припишуваат на цар Самуил предизвика сериозни резерви кај митрополитот Доротеј Драмски. Тој предупредува дека со предавањето на останките на Самуил, Грција може да ја ослаби сопствената позиција во идните преговори за враќање на стотици други црковни богатства и ракописи.
Во писмо до грчката министерка за култура Лина Мендони, митрополитот го доведува во прашање начинот на кој е постигнат договорот и изразува загриженост што тој не бил консултиран, иако со години го отворал прашањето за црковното наследство одземено од манастирот Панагија Икосифиниса.
Доротеј наведува дека за договорот меѓу грчкото и бугарското Министерство за култура дознал од медиумските објави, како и за најавеното потпишување на 3 октомври во Солун.
Митрополитот вели дека од Министерството добивал уверувања оти нивното враќање останува приоритет. Токму затоа, како што наведува, бил изненаден што за постигнатиот договор не бил информиран ниту повикан на консултации.
Доротеј посочува дека проблемот е далеку поширок од 48-те црковни предмети што се опфатени со актуелниот договор.
Според податоците со кои располага митрополитот, само од манастирот Панагија Икосифиниса биле однесени околу 800 црковни предмети и 430 ракописи.
Особено загрижувачко за него е тоа што, според информациите објавени во медиумите, во актуелниот договор не се споменува враќањето на ракописите и старите печатени книги.
Иако, како што наведува, му било објаснето дека договорот претставува само прва фаза од поширок процес на репатријација, Доротеј отворено изразува сомнеж дека ќе следат и други враќања.
„Дозволете ми, сепак, да се сомневам“, наведува митрополитот, повикувајќи се на долгогодишното искуство со ставовите на бугарската страна по ова прашање.
Клучната забелешка на Доротеј се однесува на одлуката на Грција да ги предаде на Бугарија останките што се припишуваат на цар Самуил.
Митрополитот прашува каква преговарачка позиција ќе ѝ остане на Грција откако ќе ги предаде останките, имајќи предвид дека спорот опфаќа стотици црковни предмети и ракописи кои сè уште не се вратени.
Во неговата оценка, предавањето на Самуиловите останки може значително да ја намали

