Митрополит Пимен произведе нов чтец на Света Литургија

Date:

Share post:

Митрополитот Пимен го произведе Бојан Живковски во чин чтец, за време на Светата Божествена Литургија отслужена во Шеснаесеттата недела по Педесетницата.

На Литургијата служеше отец Фотиј, во сослужение со парохискиот свештеник отец Јован. Верниот народ учествуваше во богослужбата и се причести со Светите Христови Тајни.

По произведувањето на Живковски во чин чтец, присутните го поздравија со црковниот возглас „Достоен!“.

По завршувањето на Литургијата беше извршен и чинот на прекршување на славскиот колач со кумовите, по што за присутните беше подготвена трпеза на љубовта.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img