Троеручица повторно помина низ центарот на Скопје за Мала Богородица

Date:

Share post:

Со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, низ центарот на Скопје помина молитвена поворка во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица, познат како Мала Богородица.

Литијата следуваше по празничната вечерна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје, на која присуствуваа стотици верници.

Рождеството на Пресвета Богородица се празнува на 21 септември и е еден од дванаесетте големи празници во православната традиција. Празникот го одбележува раѓањето на Богородица, мајката на Исус Христос.

Според црковното предание, раѓањето на Пресвета Богородица го означува почетокот на настаните што водат кон Христовото раѓање.

Празникот во народот е познат како Мала Богородица, за разлика од Успението на Пресвета Богородица, кое се празнува на 28 август и е познато како Голема Богородица.

На празничното одбележување се осврна и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој порача дека празникот се пречекува со заедничка молитва за здравје, мир и благосостојба.

„Обединети во верата и надежта, со заедничка молитва за здравје, мир и благосостојба, го пречекуваме овој голем празник. Пресвета Богородица нека го чува Скопје и секој дом во него“, напиша Ѓорѓиевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img