Вселенскиот патријарх Вартоломеј откри дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го замолил тој лично да го венча неговиот син Константинос во септември 2027 година, објави orthodoxtimes.com

Патријархот Вартоломеј ова го соопшти на својот роден остров Имврос, каде што деновиве се одржуваат свечености по повод 65-годишнината од неговото ракополагање за ѓакон.
Вартоломеј раскажа дека телефонски разговарал со грчкиот премиер, кому му се јавил за да му посака брзо закрепнување по полесната несреќа со велосипед.
„Вчера имав задоволство да разговарам телефонски со премиерот за да му посакам брзо закрепнување по полесната несреќа што ја доживеал со велосипедот“, изјави Вселенскиот патријарх.
Тој потоа откри дека за време на разговорот Мицотакис го замолил да го остави слободен еден ден во септември следната година за да го венча неговиот син Константинос.
„Потоа ме замоли да издвојам еден ден во септември следната година за да го венчам неговиот син Константинос. Се разбира, ако бидам во добро здравје“, додаде Вартоломеј.

