Пронајден бугарскиот митрополит Јосиф: Бил хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Њујорк

Date:

Share post:

Бугарскиот митрополит на САД, Канада и Австралија Јосиф, кој беше пријавен за исчезнат во Њујорк, е пронајден жив и во добра општа здравствена состојба во болница на Менхетен. 83-годишниот архијереј бил примен во болницата откако бил повреден во сообраќајна несреќа во петокот, 7 август.

Митрополитот Јосиф последен пат бил виден околу 10 часот наутро. Помалку од половина час подоцна, њујоршката противпожарна служба добила пријава за пешак кој бил удрен од автомобил на Западната 47-ма улица и 10-та авенија. Повредениот бил пренесен со возило на итната медицинска помош во болница, но властите првично не ги поврзале двата случаи.

Во саботата, полицијата во Њујорк објавила соопштение за потрага по митрополитот.

Клучна улога во утврдувањето на неговата локација одиграло локалното издание „W42ST“. Негова читателка испратила фотографија од местото на сообраќајната несреќа, на која се гледа постар маж со бела брада и во долга црна облека, како го пренесуваат на носилка.

По објавувањето на полициското соопштение, заменик-главниот уредник на изданието, според карактеристичната бела брада и темната облека, препознал дека човекот на фотографијата најверојатно е митрополитот Јосиф, кој бил пријавен за исчезнат.

Редакцијата ја доставила фотографијата и информациите до полицијата, по што истражителите успеале да утврдат дека исчезнатиот архијереј се наоѓа во болница на Менхетен.

Според полициски службеник, причината поради која неговиот идентитет не бил утврден порано било различното запишување на неговото име во болничките и полициските податоци. Во едниот случај, наместо неговото презиме, било запишано името на архијерејот.

Според информациите добиени подоцна на 11 август, митрополитот Јосиф е во добра состојба. Поради повредите здобиени во несреќата, била извршена операција на малиот прст на неговото лево стапало.

Се очекува тој наскоро да биде отпуштен од болницата.

Митрополитот Јосиф ја предводи Бугарската источноправославна епархија во САД, Канада и Австралија од 1986 година.

/dveri.bg

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img