По објавувањето на веста на „Религија.мк“ за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Српската православна црква е „една и иста“ каде и да се наоѓа, вклучително и во Скопје, на социјалните мрежи се појавија бројни реакции од македонски граѓани кои тврдеа дека ваква изјава не била дадена, односно дека е измислена или погрешно пренесена.
„Религија.мк“ сега ја објавува и видео-снимката од изјавата на Вучиќ.
На снимката јасно може да се слушне што кажува српскиот претседател за Српската православна црква и нејзиното присуство во Скопје.
Со објавувањето на оригиналниот видео материјал, „Религија.мк“ им остава на читателите сами да ја слушнат изјавата и да проценат дали таа е точно пренесена во нашата претходна вест.
Погледнете ја изјавата на Вучиќ во видеото.

