Митрополитот Петар на Семакедонската средба во Трново: Илинден обедини Македонци од татковината и дијаспората

Date:

Share post:

На празникот Илинден, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново се одржа 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, обединети во традиционалната Семакедонска средба.

Главен гостин на настанот беше митрополитот Преспанско-пелагониски Петар, кој во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ отслужи утрена богослужба и ја благослови средбата, која традиционално се одржува на Илинден.

На собирот присуствуваа Македонци од татковината и од дијаспората, како и претставници на македонски организации од повеќе земји. Средбата годинава помина во знакот на пораките за единство и поврзување на Македонците во земјата и во светот.

Во рамки на настанот беше испеана македонската химна „Денес над Македонија“, а присутните ги поздравија митрополитот Петар, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, како покровител на средбата, како и претставници на организаторите.

На Семакедонската средба учествуваа претставници на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и Светскиот Македонски Конгрес.

Во своето обраќање до присутните, митрополитот Петар ја даде поддршката на црквата за одржувањето на традицијата што ги поврзува Македонците од различни делови на светот, додека организаторите порачаа дека Илинден останува симбол на заедништво и историско паметење.

Средбата во Трново заврши со културно-уметничка програма во која настапија КУД „Гоце Делчев“ од Битола и Вокалниот оркестар за староградска музика од Битола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img