Во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје се читала посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трам и за САД, на денот кога беше одбележувањето на 250 годишнината од независноста на САД.
Молитвата ја читал отец Михаил, а потврда за тоа е фејсбук статусот на Слаѓана Аврамоска Митрис, активист на македонската дијаспора во САД. Таа на Фејсбук сподели фотографија соотец Михаил и со потпретседателот на ССКМ, Орце Симов, по богослужба во црквата во Скопје. Во коментар таа нашиша:
-Благодарен сум за посебната молитва и благословот што отец Михаил ги упати за нашиот претседател Доналд Трамп и за нашата земја – Соединетите Американски Држави, по повод Денот на независноста, овде во Македонија. Благодарен сум и за поддршката од потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Орце Симов, кој ни се придружи. Среќен 250. Ден на независноста, Америка! Нека продолжиш да напредуваш од сила во сила!, напиша таа на Фејсбук.
Религија.мк побара одговор од МПЦ-ОА, дали ова било редовна процедура во сите храмови, но одговорот е дека станува збор за самоиницијативна одлука на овој свештеник.
Отец Михаил беше свештеник во црквата Свети Јован во Капиштец, од неодамна е преместен во црквата Св. Богородица во центарот на Скопје.


Е добро, де. Секој ќе си го најде местото: и молитвата, и свештеникот, и Доналд Трамп, итн. А женава не е ни наивна ни чудна, таа си е патриот, САД ги чувствува за своја татковина, си бара и си плаќа. На крајот бива услужена.
Изгледа правила за некои треби нема. Можеби се прават и молитви за избор на убавица, за добивка во кладилница, за успешен шверц, за неоткриено перење пари, ама уште малку фали да бидат споделени на ФБ? И сето тоа е легитимно, зашто свештеникот ја има слободата да одлучи колку е за него прифатливо да го користи олтарот Божји за се’ што ќе посака клиентот. Се надевам не.
Свештеникот не е службеник за професионална молитва, а храмот не е негов или дуќан на неговата компанија чија цел е што поголем број наплатени услуги.
Тој може да процени дека дури и една бизарна прозба може да го приведе човекот кон Христа, но таа прозба со големо смирение ќе ја направи во својата лична молитва за тој човек, а не како дел од богослужење во храмот.