Црква од тетовско преку интернет платформа бара донации за реставрација

Date:

Share post:

Црковниот одбор на црквата Пресвета Богородица од село Јелошник, во Општина Теарце преку платформа за он лајн донации(GoFundme) бара финансиси средства за реставрирање на црквата.

До сега се собрани 3.400 долари и уште 1.000 надвор од платформатам средства со кои е завршена реставрацијата на иконостасот. Но остануваат конзерваторските работи на фреските.

„Сè уште се потребни дополнителни средства за да се заврши реставрацијата на преостанатите фрески, па затоа сега започнуваме нова кампања за собирање средства. Доколку сте во можност да ја поддржите или споделите кампањата, ќе ви бидеме длабоко благодарни. Ви благодариме што помагате да се зачува овој значаен дел од нашата историја, вера и наследство за идните генерации,“ велат од Црковен одбор на селото Јелошник.

Црквата е изградена 1872 година, а моментално состојба е во крајно загрижувачка ситуација со голем број на оштетувања како од механички така и од хемиски карактер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img