Зошто Радев го заштити Кирил од црната листа на ЕУ? Како Рускиот патријарх му одржа лекција на Радев?

Date:

Share post:

Иако за многумина воопшто не беше изненадување позицијата на новата бугарска влада во поглед на европските политики кон Русија, сепак одлуката на владата на Румен Радев да го блокира пакетот санкции за Русија, а со тоа и да го заштити Рускиот патријарх Кирил, предизвика бура од реакции.

Радев го доби епитетот нов Орбан, нешто што беше речиси извесно. Бугарската јавност се подготвува за протести против Владата, но во суштина, сосема јасно е дека Радев ќе ја продолжи политиката на Орбан во поглед на односите кон Русија.

Но, таквата проруска политика на Радев има своја историја. Таа не е од сега. Во тој контекст сосема доволно е да се потсети на однесувањето на Рускиот патријарх Кирил за време на неговата последна посета на Софија во 2018 година.

Тогаш Кирил дојде во Софија, каде беше примен и од Радев, тогаш Претседател, а на таа средба Кирил му кажа дека откажал серија важни работи за да допатува во Софија и да му пренесе дека Бугарија ја фалсификува историјата, бидејќи та апостои благодарение на Русија и нејзините жртви дадени за ослободувањето на Бугарија. Таа средба беше јасен сигнал за биугарските власти, дека нивното членство во Европската унија е едно, но никогаш да не заборават зошто постои Бугарија.

Рускиот патријарх Кирил, во таа 2018 година, без никакви дипломатски ракавици му соопштил на бугарскиот претседател Румен Радев, и тоа во неговиот кабинет во Софија дека Бугарија ја фалсификува историјата, негирајќи ја улогата на Русија во ослободувањето на Бугарија од осламнислата власт.

Шокантен настап на рускиот патријарх – бугарскиот претседател доби руска лекција во својот кабинет

Рускиот Патријарх Кирил, чија прес служба го објави и видеото од средбата, на моменти и со повишен тон, шест минути му држи лекција по историја на претседателот на Бугарија, а Радев внимателно само го слуша.

Настапот на Патријархот Кирил, повеќе наликуваше како на настап од политички комесар, кој дошол во Софија да пренесе јасна порака за Бугарија.

Патријархот Кирил неколкупати му посочува на Румен Радев дека е разочаран од сознанието дека Бугарија, за која Русија дала крв, ја негира улогата на Москва во нејзината слобода.

Религија. Мк потсетува на оваа средба, за да се има појасна слика, зошто владата на РАдев го заштити сега во 2026 година Кирил, од санкции од ЕУ.

Погледнете.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img