На Педесетница Европската епархија доби уште еден свештеник

Date:

Share post:

Европската епархија доби уште еден свештеник. На педесетница, за време на литургијата во македонската црква во Крањ, Словенија ѓаконот Методиј Миткоски, стана свештеник.

Во свештенички чин го ракоположи митрополитот Пимен, кој во сослужение со повеќе свештеници, отслужи литургија за Духовден.

-По завршувањето на Светата Литургија беше одбележана и црковната слава на храмот, со благословување на славскиот колач и заеднички празничен ручек подготвен од овогодишните кумови. Овој благословен настан претставува уште една радост за Европската епархија и сведоштво за растот и укрепувањето на Црквата Христова меѓу македонските православни верници во Европа. На новоракоположениот свештеник отец Методиј му посакуваме долгогодишна и благословена служба во лозјето Господово, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img