Руската црква му го честиташе роденденот на владиката Петар – би со највисок авторитет меѓу владиците на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Шефот на руската црковна дипломатија, митрополитот Волоколамски Антониј, со писмо му го честитал 80-иот роденден на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар.

Во писмото рускиот владика пишува дека „Оваа истакната животна граница, Вие ја дочекувате како најстар архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, кој ужива највисок авторитет меѓу собраќата архипастири.“

Антониј не штеди пофали зборови за владиката Петар за кој вели дека искрената љубов на верниците ја стекнал преку неговата долгогодишна ревносна грижа за зачувувањето на светињите и духовното наследство на македонскиот народ, за воведувањето на младите поколенија во светата православна вера, за унапредувањето на духовното образование и за христијанското сведоштво пред современиот свет.

-Многу години Вие посветивте на макотрпната работа на црковното уредување на македонската дијаспора во скандинавските и западноевропските земји, во Австралија и Нов Зеланд, украсувајќи ги тие краишта, како и древната Преспанска земја, со бројни свети храмови и монашки заедници. Како на претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, особено ми е драго да го истакнам значајниот придонес на Вашето Високопреосвештенство за развојот на односите меѓу нашите Цркви. Во овој за Вас торжествен ден молитвено Ви посакувам мир, благодатно укрепување на телесните сили и штедра Божја помош во Вашето високо и одговорно архипастирско служење, му пишува Антониј на Петар во писмото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img