На архиепископот Елпидофор од САД му се слошило за време на литургија во Солун

Date:

Share post:

Американскиот архиепископ Елпидофор се почувствувал лошо и имал несвестица во неделата наутро за време на божествена литургија во Солун, пишува alphatv.gr, пренесе дина.мк.

Инцидентот се случил во Светиот катедрален храм „Свети Никола“ во Арецу, по што била повикана службата за итна помош ЕКАБ.

Според изјава на претставник на ЕКАБ, архиепископот бил пренесен во Воената болница 424 на превентивни прегледи. Американската архиепископија објави соопштение во кое се наведува дека Елпидофор служел заедно со митрополитот на Неа Крини и Каламарија, г. Јустин, и епископот на Фокеја, г. Јован, на празникот Педесетница. Во соопштението се додава дека тој почувствувал мала малаксаност на крајот од вечерната служба поради неговиот особено набиен распоред и големата жештина.

Информациите потврдуваат дека архиепископот е во добра здравствена состојба. Тој веќе е отпуштен од болницата целосно здрав.

/DINA.MK

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img