Српскиот патријарх Порфириј, откако Соборот пред едне недела го разреши митрополитот Јустин, ја посетил Жичката епархија.
Таму го пречекал митрополитот Нишки, Арсениј, кој е назначен за администратор на оваа епархија.
-Драгите гости во дворот на задужбината на Свети Сава и неговиот брат, кралот Стефан Првовенчани, ги пречека Високопреосветениот митрополит нишки и администратор жички Арсениј, заедно со игуманијата Јелена и сестринството на оваа древна света обител. На свечениот пречек присуствуваше и д-р Ненад Поповиќ, министер задолжен за меѓународна економска соработка и за областа на општествената положба на Црквата во земјата и странство. Потоа следеше свечена доксологија со молитвено учество на свештенството и монаштвото на Жичката епархија, како и на бројниот верен народ, објави СПЦ.

