Денеска синодска седница – што се крие позади јавните напади на владиката Петар врз членови на Синодот?

Date:

Share post:

Синодот на МПЦ-ОА во полн состав денеска одржува седница, која ако се суди според последните три јавни настапи на владиката Петар, во само една недела, ќе биде прилично тензична.

На дневен ред на оваа седница е и точката за состојбите во новите епархии што ја покренаа поранешните владииц на ПОА.

Владиката Петар во јавните настапи навести дека на дневен ред ќе се најдат и неговите предлози, меѓу кои се барањето за потврдување на одлуките за расчинување на свештеници што тој ги има донесено. Потоа барањето да бидат расчинети сите кои ја напуштиле МПЦ-ОА и ги соблекле мантиите, а се уште се водат како клирици на Црквата. Трето негово барање е поделба на Европската епархија на три дела.

Дали и кои од овие точки ќе се најдат на дневниот ред, ќе покаже денешната синодска седница.

Сепак, неофицијалните информации на Религија.мк, велат дека јавниот гнев што Петар го истури против половина Синод на МПЦ-ОА е поттикнат од лични причини. Неговиот мандат во три клучни институции на МПЦ-ОА му истекува и нема можност да биде реизбран. Нашите извори велат дека на овој начин, со јавни напади и закани кон владици, Петар се обидува да врши притисок и уциени врз владиците за да не биде сменет од позициите на кои сега се наоѓа.

Но, сосема извесно е дека тој нема повеќе да биде дел од тричлениот состав на работниот Синод, бидејќи мандатот по Устав ми завршува. Дополнително исто мандатот по Устав му завршува и како синодски повереник во Богословскиот факултет, каде изминативе неколку години успеа на даправи тотален хаос.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img