Во само едно интервју, владиката Петар успеа да нападне половина синод на МПЦ-ОА. Во гостувањето на поткастот на Слободен Печат, освен што ги нападна Јован, Марко, Пимен, го нападна и Стобискиот епископ Јаков, за кој рече дека е ад хог избран владика по налог на власта.
-Кај нас досега имало случаи кога епсикопи се избрани ад хог на сама седница, под протисок на власта. Таков е случајот со викарниот епископ на струмичката епархија. На самата седница предлогот беше, изјави Петар.
Петар не прецизираше која власт вршела притисок за да Јаков биде избран за епископ, но периодот кога тој беше избран за владика се поклопува со времето кога Зоран Заев е премиер. Јаков беше избран во 2018 за викарен епископ на Струмичката епархија. Дополнително, Петар обвини, но не објасни како бил вршен притисокот и преку кои владици и зошто Синодот подлегнал на таков притисок.
Дополнително тој рече и дека за владици биле избрани и други архиереи, кои не сакаше да ги именува, а кои не ги поминале процедурите.
-И на други сега да не ги именувам архиереи, кои што не се помина процедурално. Процедурата е јасна. Пред да се испратат матерјалите на седницата, 15 дена пред тоа да биде доставено барањето. Тоа е едно. И кандидатот треба да е во списокот на кандидати за епископи. Постои список на кандидати. И секој избор надвор од списокот на кандидати е деликатен и дискутабилен. За тоа треба да си размислат и тие што стануваат архијереи, дали ги поминале процедурите кои што се задолжителни за избор. И тука да кажеме меѓу останатото каде е проблемот, вели Петар.
Иако не ги именуваше, сепак најмалку двајца владици беа избрани ад хог, за кои јавноста е запознаена. Едниот е митрополитот Кумановско-осоговски, кој на иста седница беше избран, откако претходниот митрополит Јосиф поднесе оставка и го предложи Григориј за митрополит.
Другиот митрополит кој беше избран на сличен начин, а без да биде на списокот за архиереи е Дебарско-кичевскиот Георгиј. Тој на иста седница беше избран и за архимандрит и за митрополит.
Дали Петар мислеше на нив, или на некои други, веројатно ќе објасни во следното интервју. Него може да го очекуваме веќе следната недела.

