Скандал ја тресе СПЦ – Изборот на патријархот Порфириј бил тајно сниман

Date:

Share post:

Благословени под закрилата на светителите и ангелите од фреските во криптата на храмот Свети Сава во Белград, српските епископи го избирале новиот патријарх, не насетувајќи дека во подземната сала се вовлекол и нечестивиот, кој ѕиркал во нивните гласачки ливчиња.

Скриени на тајни места во криптата и насочени кон масите на кои седеле епископите, тајни камери го снимале изборниот Сабор на Српска православна црква, одржан на 18 февруари 2021 година. Камерите ги нарачал поранешен функционер на службите за државна безбедност, близок до членови на балканското подземје.

Ова скандалозно истражување го објави Центарот за истражувачко новинарство во Босна, кој деталнно опишува како биле поставени камерите за снимањето на Саборот, кое иако било строго забрането, а и учесниците добиле писмена гаранција од Светиот архијерејски синод, своевидна црковна влада со која претседава патријархот, дека за време на гласањето ќе имаат духовен мир и приватност, сепак, епископите биле снимани, а видеоматеријалот, само еден час по изборот на Порфириј Периќ за нов патријарх на СПЦ, бил доставен до Љубан Еќим, некогашен заменик-началник на Центарот за државна безбедност на Република Српска во Бања Лука.

-Овој поранешен полицаец е пријател на Лука Бојовиќ, водач на нарко-клан од Србија, кој во 2022 година се вратил во земјата по десет години затвор во Шпанија поради трговија со дрога. И двајцата биле блиски соработници на Жељко Ражнатовиќ Аркан, убиениот командант на српските паравоени единици и повеќекратно осудуван криминалец во европските земји. Еќим во Србија бил осуден на година и пол затвор поради фалсификување пасоши и поседување нелегално оружје. Тој тврдел дека станува збор за пиштол што му го подарил Аркан. Според обвинението, при посети на семејството во Босна и Херцеговина користел лажни имиња — Милан Његован или Момчило Јоксимовиќ. Овој осуденик раководел со операцијата за поставување скриени камери, покажуваат неговите преписки преку апликацијата Sky со човек кој се претставувал како сопственик на „Sion Company“, белградска фирма за видеонадзор и обезбедување. Според Регистарот на стопански друштва на Србија, сопственик и директор на компанијата е Иван Савиќ, пишува во истражувањето.

Љубан Еќим во преписката го користел Sky-кодот EGQOLR, додека неговиот соговорник го користел кодот 50NEN1. Кодот на Еќим бил идентификуван од полицијата и доставен до Обвинителство на Босна и Херцеговина во рамките на истрагата против службеникот на Обавештајно-безбедносна агенција на БиХ (ОСА), Синиша Ракита. Тој бил осомничен дека му давал доверливи информации на Еќим и на криминални групи во Србија и Босна и Херцеговина.

Сопственикот на „Sion Company“ и Еќим комуницирале преку пишани и гласовни пораки, разменувале фотографии од Храм Свети Сава, како и фотографии од местата каде што се наоѓале и од различни уреди за тајно снимање.

Од нивниот разговор се дознава дека одредени црковни великодостојници и функционери поврзани со властите во Србија, наводно, им помагале да добијат работи во Храмот, што им овозможило пристап до местата за снимање.

Договорите за работи во Белград меѓу Патријаршијата на Српска православна црква и оваа компанија, до кои дошле новинарите на Центар за истражувачко новинарство (CIN), ги потврдуваат наводите од преписката.

Sky aplikacija е мобилна апликација за телефони која служела за тајна, криптирана комуникација. Најчесто ја користеле членови на криминални организации, но и сите оние кои се плашеле дека нивните активности би можеле да бидат откриени.

Европол ја дешифрирал апликацијата Sky во 2021 година, но следењето на комуникациите продолжило и понатаму.

Целото истражување прочитајте го ОВДЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here