Групата архиереи на СПЦ кои ги поддржаа студентите сега се еден помалку, откако Соборот на СПЦ го разреши Жичкиот митрополит Јустин.
Иако официјално никој не потврдува кои се владиците на СПЦ, кои на Соборот гласале против разрешувањето на Јустин, српските медиуми ги спомнуваат имињата токму на оние шестмина кои минатат година и го потпишаа писмото до патријархот за поддршка на студентите, откако претходно Крушевачкиот митрополит Давид ги нарече студентите усташи.
Во таа група од шест владици се Германскиот митрополит Григориј, Црногорско приморскиот Јоаникиј, Брњевачкиот Игнатиј, Западноамеричкиот Максим, Захумско-херцеговачкиот Димитриј и Рашко-призренскиот Теодосиј.
Ќе има ли нови потреси во СПЦ ќе покаже времето, иако во српската црковна јавност се зборува дека Јоаникиј е следниот кој е во немилост на патријархот Порфириј.
По овој Собор на СПЦ, стана јасно дека ниту еден од овие владици не е дел од работниот состав на Синодот на СПЦ.
Случајно, или не, ден откако беше објавена веста за разрешувањето на Јустин, учесниците на Соборот служеа литургија. Литургијата ја предводеше Порфириј, а му сослужуваа најголем дел од владиците, меѓу нив немаше ниту еден од оваа група.
Тоа не мора да значи ништо, но сосема јасно е дека во СПЦ има јасна подебна на огромно мнизинство кое ја поддржува власта на Вучиќ и мало малцинство кое застана на страната на студентите.
