СПЦ потврди – митрополитот Жички Јустин е разрешен

Date:

Share post:

Соборот на СПЦ заврши и како што објавија српските медиуми донел одлука за разрешување на Жичкиот митрополит Јустин.

Последната фотографија на која Јустин е член на Соборот на СПЦ. Мај 2026 г.

СЦП во соопштенито по Соборот ја потврди информацијата, но само во еден пасус пишува дека Јустин е разрешен.

-На соборските седници детално беше анализирана состојбата во Жичката епархија, нејзиното материјално-финансиско работење и прашањето на одговорноста на надлежниот епархиски архиереј. Со цел воспоставување редовен црковно-правен поредок во односната епархија, Соборот донесе одлука за разрешување на митрополитот г. Јустин од понатамошно управување со Жичката епархија, стои во соопштението.

Претходно српските медиуми јавија дека за резрешувањето на Јустин гласале 27 архијереи, а група од шест владици била против.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here