Лавров: Евровизија е сатанистички избор

Date:

Share post:

Сегашните критериуми според кои се избираат учесниците на Евровизија се „сатанистички“ и тоа е нешто со кое не можеме да се помириме, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во одговор на прашање на РИА Новости.

„Сакам веднаш да кажам: нема да ги прифатиме критериумите што моментално се користат за определување на учесниците на Евровизија, кои навистина претставуваат отворен сатанизам“, рече Лавров.

На крајот од Евровизија 2026, бугарската пејачка Дара го освои првото место со песната „Bangaranga“, додека израелскиот претставник Ноам Бетан се пласираше на второто место со песната „Michelle“. Романската пејачка Александра Капитанеску го освои третото место со песната „Choke Me“.

Уште пред почетокот на натпреварот избувнаа неколку скандали. Како и минатата година, Израел стана главна точка на спор, откако Европска радиодифузна унија потврди дека земјата ќе остане меѓу учесниците. Поради тоа, Ирска, Исланд, Шпанија, Холандија и Словенија се повлекоа од натпреварот.

„Затоа се чувствуваме како дома во организации и структури како БРИКС, Шангајска организација за соработка и други мултилатерални здруженија со руско учество, кои покрај прашањата за политика, безбедност, економија, трговија и организација, се ангажираат и во проширување на културните, хуманитарните, образовните и другите врски. Ова важи и за музичките и спортските настани, како и за многу други иницијативи“, додаде Лавров.

Тој исто така зборуваше за иницијативите што во рамките на БРИКС се организираат „во духот на традиционалните вредности“, нагласувајќи дека на тој начин се зачувува и проширува културата што со векови се градела „на овие територии“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img