Архиепископот Стефан, во сослужение на митрополитот Повардарски Агатангел и митрополитите Наум Струмички и Јосив Тетовско-гостиварски го осветија новиот конак на црквата Света Петка во Кавадарци.
-Овој конак се изгради со средства на Повардарската епархија, како и со прилози на жителите на градот Кавадарци. Во овој новоизграден црковен конак, покрај параклис посветен на светиот архиепископ Мирликиски, Никола, чиј ктитор е Градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, има и библиотека, канцеларии, приемни простории, трпезарија, кујна и други помошни простории, напиша Јанчев на Фејсбук.



