Македонија старее – за една деценија 30% помалку деца

Date:

Share post:

Изминатата година во земјава се родени околу 15 500 новороденчиња, што укажува на значителен пад на природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци за 2025 година.

Ова денеска го истакна проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), на одбележувањето на Неделата на женското здравје 2026.

Посочи дека пред една деценија бројот на новороденчиња изнесувал околу 23 000, што претставува намалување од приближно 30 отсто во последните десет години.

Според неа, ваквиот тренд треба да претставува аларм за зголемена грижа и системска поддршка за женското репродуктивно и семејно здравје.

„Во услови кога природниот прираст е во значително опаѓање, од особено значење се едукацијата и превенцијата кај жените во сите фази од животот – од школските години, преку репродуктивниот период, па сè до бременоста, кога се најранливи. Редовните прегледи во текот на бременоста се клучни за рано откривање и превенција на компликации“, рече д-р Џикова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here