Делчевско-каменичкиот епископ Марко даруваше крв и директно ја поддржа крводарителската акција на Црвениот Крст во Делчево.
Со благослов и личен пример, епископот Делчевско-каменички, заедно со дел од свештенството и верниот народ, учествуваше во крводарителска акција, уште еднаш потврдувајќи ја својата посветеност кон хуманоста и заедницата, велат од епархијата.
Преку доброволното дарување крв, учесниците испратија силна порака за пожртвуваност, солидарност и љубов кон ближниот. Во време кога секоја дарувана единица крв може да значи спасен човечки живот, ваквите акции имаат особено значење и претставуваат вистински пример за општествена одговорност.Од Делчевско-каменичката епархија истакнуваат дека Црквата останува активен чинител во градењето култура на хуманост, сочувство и меѓусебна грижа, потсетувајќи дека дарувањето крв е еден од највисоките изрази на човечноста. На крводарителската акција беа собрани вкупно 79 крвни единици, пренесува порталот делчево365.мк
