Архијерејскиот собор на Руската Задгранична Црква го канонизираше Серафим Роуз и го вброи меѓу светителите на Руската црква.
На своето заседание на 4 мај 2026 година Архијерејскиот собор на Руската задгранична Православна Црква била донесена одлука за започнување на канонизацијата на јеромонахот Серафим Роуз. Архијерејскиот собор на Руската Задгранична Црква ја започна својата работа на 29 април 2026 година во Германија. Седниците се одржуваат во манастирот на света преподобномаченичка и велика кнегиња Елисавета Фјодоровна во Бухендорф, предградие на Минхен.
Серафим Роуз (1934–1982) е американски православен монах, духовен писател и мисионер, познат по тоа што одиграл важна улога во ширењето на православието во САД. Роден е како Јуџин Денис Роуз во Калифорнија.
Околу Серафим Роуз постојат одредени контроверзии, иако истовремено има и силно почитување кон него во дел од православниот свет.
Неговиот силен критички став кон екуменизам некои го гледаат како одбрана на верата, но други како премногу радикален и исклучувачки, што може да создава поделби. Роуз остро ги критикувал источните религии. Поддржувачите велат дека тоа е оправдано од православна перспектива, додека критичарите сметаат дека пристапот му бил премногу црно-бел. Дејствувал во рамки на Руската задгранична црква во период кога таа била прилично изолирана. Некои сметаат дека тоа влијаело врз неговите построги ставови кон светот и другите православни јурисдикции.
