Во најновата епизода на поткастот „Смисла“, отец Бобан и сестра Ефимија гостин е новинарот Драган Антоновски.
Неговото долгогодишно искуство во медиумите носи автентичен увид во тоа како се менувала улогата на зборот низ времето, но и колку останала иста неговата тежина.
Темата „Кога зборот станува сведоштво, а тишината – компромис?“ води низ едно длабоко преиспитување: Дали денес навистина сме послободни да зборуваме, или само погласни? Дали зборот ја носи вистината – или понекогаш ја прикрива? И што значи да се молчи во време кога од нас се очекува да сведочиме?
Оваа епизода е навраќање на слободата на изразување – не само како право, туку како одговорност.
Разговарот за новинарството тогаш и сега, за границите меѓу професионалноста и притисоците, како и за личната борба да се остане верен на вистината.

