Грузиската црква избра тројца кандидати за нов патријарх

Date:

Share post:

Местобљустителот на грузискиот престол, митрополитот Шио (митрополит на Сенаки и Чхороцку), митрополитот Јов (митрополит на Руиси и Урбниси) и митрополитот Григориј (митрополит на Поти и Хоби) се тријцата кандидати од кои Грузиската црква ќе избира нов патријарх.

Синодот на Грузиската црква ја заврши првата фаза од изборот, откако формира тројца кандидати,  што ќе продолжат во завршната фаза од изборниот процес.

За време на гласањето, митрополитот Шио добил 20 гласа, додека митрополитот Јов и митрополитот Григориј добиле по 7 гласа, со што ја формираат тројката кандидати што ќе продолжат во завршната фаза од изборниот процес.

Овој развој претставува следен клучен чекор кон пополнување на патријаршискиот престол, при што вниманието сега се насочува кон конечниот избор на новиот поглавар на Црквата на Грузија.

Ортодокс Тајмс пишува дека озвори во Грузија наведуваат дека Русија веќе, очекувано, настојува да игра улога во наследството. Покрај тоа, државната власт, која тешко може да се опише како прозападна, ја изразила својата наклонетост кон наследникот на Илија II. Таа наклонетост е насочена кон актуелниот местобљустител, митрополитот Шио од Сенаки и Чхороцку.

Покојниот Патријарх го назначи митрополитот Шио за местобљустител во 2017 година. Циниците потсетуваат дека оваа одлука дошла само неколку дена по посетата на Тбилиси од страна на Иларион (митрополит Волоколамски).

Митрополитот Шио Муџири: меѓу очекувањата, авторитетот и неизвесноста

Според информациите на Ортодокс Тајмс митрополитот Јов од Руиси и Урбниси, кој влезе во Триперсопонот со седум гласа, е конзервативен архиереј, не особено наклонет кон Русија (тој поддржал прекин на општењето со Москва), но прилично ревносен и склон кон пророчки толкувања, со сè што тоа подразбира.

Што се однесува до митрополитот Григориј, изворите наведени од Ортодокс Тајмс го опишуваат како умерен архиереј кој обично не зазема ставови ниту се изразува јавно.

„Тој е благонаклонет кон Фанар, но никогаш не би го изразил тоа“, наведува извор од Грузија. Сепак, тој се смета за сериозен митрополит со солидна академска позадина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img