Поглаварот на Коптите присуствуваше на Литургијата што во Фанар ја служеше Вселенскиот патријарх

Date:

Share post:

Поглаварот на Коптите, папата и Патријарх Тавадор присуствуваше на литургијата што Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја служеше во Неделата на жените мироносици, на 26 април во Патријаршиската црква во Фанар, заедно со повеќе јерарси на Вселенскиот престол.

Патријархот Папа Тавадор богослужбата ја следеше од престолот, а беше придружуван од делегација составена од епископи, свештенство и мирјани, како и од амбасадорот на Египет во Турција. За време на службата, патријархот Тавадор ја прочита молитвата „Оче наш“ на арапски јазик, додека беседата ја одржа митрополитот Алексиј од Дриниупол, Погонијани и Коница.

На литургијата присуствуваа бројни верници, свештеници, достоинственици и поклоници од Истанбул и од странство. Вселенскиот патријарх Вартоломеј срдечно му се обрати на својот коптски соговорник, кој возврати во дух на братство и единство.

Осврнувајќи се на присуството на патријархот Тавадор, тој ја опиша средбата како благослов и знак на божествена промисла, истакнувајќи ја важноста од зајакнување на односите меѓу Православните и Ориенталните православни цркви. Признавајќи ги историските и културните разлики, тој нагласи дека заедничката вера во тајната на Воплотувањето претставува силна основа за единство, повикувајќи ова богословско приближување да се изрази преку подлабока соработка и заедничко сведоштво.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img