Филипче во манастирот во Оровник на пречек на моштите на Света Недела

Date:

Share post:

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче бил во манастирот Света Недела во Оровник – Дебарца на пречек на моштите на Света Недела. Дебарско-кичевската епархија организираше дводневно чествување во манастирот. Денеска попладне беше пречекот на моштите и литија од пред храмот Свеи Илија до манастирот. Потоа следеше поклонение пред моштите на светителката и празнична вечерна богослужба.

 -Заедно со граѓаните од село Оровник, Дебрца и многубројните верници, присуствував на молитвеното торжество во манастирот Св. Недела. Во духот на нашата традиција, вера и човечки вредности испративме порака за заедништво и меѓусебна поддршка како темел врз кој ја градиме иднината. Нека е за многу години, напиша Филипче на Фејсбук.

Утре во манастирот литургија ќе служат Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј, заедно со Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар и епископот Хераклејски Климент.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img