Српската дијаспора од Франција обвинува дека тамошниот владика Јустин дејствува политички во интерес на Вучиќ

Date:

Share post:

Сериозни обвинувања ја потресуваат српската заедница во Франција, каде претседателот на Сојузот на Србите во Франција, Давид Јаковљевиќ, тврди дека западноевропскиот епископ Јустин е вмешан во спорни финансиски потези и политички притисоци поврзани со властите во Србија, објавува Нова,рс.

На сајтот кој се занимава со теми од животот на Србите во дијаспората и известува за нивните активности, објавено е интервју со претседателот на Сојузот на Србите во Франција, Давид Јаковљевиќ, во кое зборува за проблемите со кои се соочуваат сонародниците. дна од централните теми на тоа интервју е епископот Јустин.

Можеби не толку познат за пошироката јавност како неговиот имењак од Жича, кој неодамна беше суспендиран од врвот на Српска православна црква поради поддршка на студентите, со образложение дека не ја водел епархијата на соодветен начин, владиката од Париз се најде под лупа поради купување куќа во Аржантје.

Како што пренесува Нова.рс, Јустин, кој пред доаѓањето на местото епископ бил викарен епископ на патријархот Порфириј, купил објект вреден околу 500.000 евра, за кој, според наводите од српската заедница во Франција изнесени за порталот Rasejanje.info, се сомнева дека е финансиран со пари од Србија, без јасно објаснување за потеклото на средствата. Недвижноста, како што се тврди, е наменета за живеење на епископот, што отвори дополнителни прашања, бидејќи неговиот претходник со години живеел во стан без потреба од таква купопродажба.

Јаковљевиќ наведува дека прашањето за парите и влијанието е една од клучните причини за судирите во дијаспората, но и за неговото разидување со црковните структури.

„Стекнав впечаток дека официјалната политика од Белград е присутна и кај овој претставник на Црквата“, рече тој, додавајќи дека одбил да учествува во активности кои, како што тврди, имале политички карактер, вклучувајќи организирање на т.н. сигурни гласови за избори во Србија.

Според неговите зборови, потоа следеле притисоци да се повлече од функцијата претседател на Сојузот на Србите во Франција.

Јаковљевиќ тврди дека епископот Јустин фаворизирал одредени здруженија и се мешал во работата на Сојузот, што дополнително го продлабочило конфликтот.

Како еден од примерите го посочи и повикот за бојкот на Светосавскиот бал во Париз, како и забраната на одредени членови да присуствуваат на тој настан.

Тој тврди и дека во текот на еден разговор со епископот бил наречен лажго, како и дека му било кажано дека повеќе нема да добие благослов ниту ќе биде причестен, што го доживеал како притисок.

Нова.рс објавува и документ на епископот Јустин упатен до свештенството во Франција, во кој се бара целосен прекин на соработката со Сојузот на Србите во Франција.

Во актот, датиран на 28 јануари 2026 година во Париз, се наведува дека свештенството, епископот и целиот клир „до понатаму ја прекинуваат секоја соработка со асоцијацијата Сојуз на Србите во Франција“, вклучително и присуство на манифестации што ги организира тоа здружение.

Понатаму се наведува дека секое поинакво постапување ќе се смета за прекршување на одлуката и ќе биде санкционирано согласно правилата на Српската православна црква.

Поделби и надзор од француските власти

Јаковљевиќ укажува и на поделбите во српската заедница во Франција, за кои смета дека дополнително се поттикнати од политичко влијание.

„Во црквата овде апсолутно не смеете да кажете ништо против Александар Вучиќ, како некогаш против Тито“, наведе тој.

Во исто време, француските власти ја засилиле контролата на финансиските текови на верските и мигрантските организации. Според наводите од дијаспората, воведен е и посебен надзор над финансиското работење на епархијата, во рамки на поширока политика за контрола на странско влијание.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img