Постои закана од укинување на Руската православна црква во Естонија поради притисок од државата, изјави во средата патријархот московски Кирил, обраќајќи се на приемот во Министерството за надворешни работи Руската федерација.
-За жал, во Балтикот и Молдавија исто така (како и во Украина) се засилува државниот притисок врз структурите на нашата црква, вклучително и преку донесување дискриминаторски законски акти. На пример, заканата од укинување на присуството на Руската православна црква во Естонија во моментов останува актуелна. Но сепак, и покрај невидениот притисок од властите, Естонската православна црква (по преименувањето – Естонска православна христијанска црква – заб. ред.), како и Православната црква на Молдавија, заедно со своето паство ја задржува верноста кон канонскиот поредок. Но тоа е тешка работа“, изјави патријархот Кирил.

