На кого му смета архиепископот Иринеј Буловиќ?

Date:

Share post:

На офиицјалниот сајт на СПЦ осамна коментар на извесен Спасоје Томоќ, колумнист од Белград, кој во текстот го велича ликот и делото на Бачкиот епсикоп Иринеј Буловиќ, како одговор на критиките од спската јавност кон него.

Ви го пренесуваме целиот коментар.

Во времиња на општа дезориентација, кога националниот и духовниот идентитет на српскиот народ се обидува да се распарчи на ситни, локални и меѓусебно спротивставени провинцијализми, ликот и делото на епископот бачки д-р Иринеј Буловиќ стојат како нескршлив бедем на српскиот интегрализам.

Нападите врз него, кои не стивнуваат со децении, не се ништо друго освен ехо на стравот на оние на кои силна, единствена и интелектуално супериорна Српска православна црква им претставува најголема пречка во остварувањето на нивните геополитички и идеолошки планови.

Интелектуалната супериорност како „грев“ на архиепископот Иринеј Буловиќ

Првата и основна причина за нетрпеливоста што кон владиката Иринеј ја негува т.н. „граѓанистичка“ и либерална елита е неговиот застрашувачки интелектуален капацитет. Во свет на медиокритет, каде што површноста се слави како доблест, појавата на теолог од таков ранг, полиглот, прецизен стилист и човек кој со еднаква леснотија цитира светоотечка литература и современа филозофија, делува поразително врз неговите критичари. Владиката Иринеј е интелектуална громада која успеа да ја врати православната мисла во центарот на јавниот дискурс, не како анахрон фолклор, туку како жива, динамична и супериорна логика. Неговите противници, немоќни да му парираат со аргументи, прибегнуваат кон ад хоминем напади, обвинувајќи го за „моќ од сенка“, додека всушност се плашат од моќта на неговиот збор. Тој е жив доказ дека српската духовна елита може и мора да биде пообразована, поостра и попромислена од своите заколнати противници.

Бедем против автономаштвото и регионализмот

Клучната точка на одбраната што ја персонифицира владиката Иринеј е бескомпромисниот српски интегрализам. Тој длабоко разбира дека растројството на единството на Црквата води кон растројство на нацијата. Нападите врз него најчесто доаѓаат токму од оние кругови кои би сакале Српската православна црква да ја видат како конфедерација на „регионални верски заедници“, прилагодени на моменталните политички граници и минливите режими. Без разлика дали станува збор за одбрана на светилиштата во Црна Гора, зачувување на канонскиот поредок или спречување на какви било „автономашки“ тенденции во самата Војводина, владиката Иринеј секогаш бил прв на браникот. За него не постои „војводинска“ или „црногорска“ вистина, туку само една, неделива Светосавска црква. Неговата борба против дробењето на црковното тело директно спречи многу обиди Србите во различни региони духовно да се одвојат од својот центар, со што стана непријател број еден на сите застапници на новокомпонирани идентитети.

Столб на црковниот поредок

Конечно, епископот Иринеј пречи затоа што е чувар на поредокот. Во ера на хаос, тој инсистира на дисциплина, канони и јасна хиерархија. Неговата улога во Синодот и Соборот на Српската православна црква често се карикира како „доминација“, но суштински тоа е неуморно служење на принципот на стабилност и соборност. Без таква личност, Црквата би била подложна на ветровите на популизмот и политичките притисоци од сите страни. Им пречи Иринеј Буловиќ затоа што не можат да го поткупат, не можат интелектуално да го поразат и не можат да го натераат да отстапи пред визијата за српски православен интегрализам. Тој е персонификација на онаа Србија и српство кое е длабоко вкоренето во косовското предание, а истовремено целосно свесно за предизвиците на современото време. Нападите врз него се само потврда на неговото значење, бидејќи никој не се занимава со мали и безначајни луѓе. На кулата што се гледа од сите страни, пак, удираат сите ветрови.

Спасоје Томиќ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img