Во Затворот во Струмица наскоро ќе заврши изградбата на храм во кој затворениците од православна вероисповед ќе можат да ги задоволат сите свои верски потреби.
Струмичката епархија веќе има назначено свештеник кој ќе богослужи во храмот, каде секојдневно ќе им биде достапен на осудениците што имаат потреба од духовна поткрепа и утеха.
Владиката Јаков вчера присуствувал на велигденски ручек со осудени лица, кои издржуваат казна затвор и со персоналот во КПУ Затвор Струмица.
-Владиката, кој беше пречекан од директорот на установата Зоран Ристов и неговиот тим, го посети и храмот во кругот на институцијата, кој е во завршна фаза на изградба и, според најавите, треба да биде осветен годинава, велат од епархијата.

