Велигденски ручек кај премиерот

Date:

Share post:

Велигденски ручек во организација на премиерот Христијан Мицкоски се одржа денеска, на Велика Среда, во страсната седмица, на кој меѓу другите присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан, поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, министри во Владата, пратеници, градоначалници, претставници на медиумите.

Трпезата била посна и прилагодена во духот на велигденските пости.

-Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина, заедништво и почит кон традицијата. Овој значаен настан ги обедини претставниците на институциите и општествениот живот во едно заедничко славење на вредностите што Велигден ги носи – надежта, љубовта, простувањето и новиот почеток. Во атмосфера на меѓусебно разбирање и почит, се испрати силна порака за единство, солидарност и заедничка грижа за доброто на сите, објави Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот истакна дека Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици и да изградиме подобра иднина за нашата држава.

-Со оваа свеченост, уште еднаш се потврди определбата за негување на традицијата и зајакнување на заедничките вредности што нè поврзуваат како народ, нагласи Мицкоски.

Претседателот на Собранието Африм Гаши исто така на Фејбук истакна дека овој конструктивен настан бил можност за зајакнување на институционалната соработка, во духот на меѓусебното почитување и вредностите што нè обединуваат.

-Имав задоволство, на покана на премиерот, Христијан Мицкоски, да учествувам на традиционалниот ручек по повод празникот Велигден. Овој конструктивен настан беше можност за зајакнување на институционалната соработка, во духот на меѓусебното почитување и вредностите што нè обединуваат. Посакав овој празник да донесе мир, здравје и разбирање за сите граѓани, истакна Гаши.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img