Српскиот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Силуан бил во посета на новиот македонски митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Никола.
Силуан бил во посета на Викторија, каде ја посетил македонската црква.
-Владиката Силуан во таа прилика испрати срдечни честитки за митрополитот Никола и неговиот благословен избор. За време на братската средба истакната беше важноста од меѓусебната соработка и духовното единство, а посебно потребата од јакнење на мисијата меѓу младите, објави СПЦ.

