Верниците од Кумановско-осоговската епархија го прославија споменот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници. Надлежниот архијереј, митрополитот Кумановски-осоговски Григориј, ја служеше Света Литургија во Митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово.
Пензионираниот митрополит Јосиф, ја служеше Светата Литургија во Манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
Низ сите храмови од Кумановско-осоговската епархија каде што се принесуваше Евхаристиската бескрвна жртва, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Галерија








