На 5.4.2026 година, кога Црквата го слави Влегувањето Господово во Ерусалим – Цветници, архиепископот Охридски и Македонски Стефан богослужеше Света Златоустова Литургија во храмот „Свети Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров.
На Светата Литургија во протојерејски чин беше ракопроизведен професорот на ПБФ ,,Свети Климент Охридски” во Скопје – јерејот Милан Ѓорѓевиќ. По Литургијата беше одржана Духовна академија.
Галерија













