Московскиот патријарх Кирил во проповед во храмот „Христос Спасител“ во Москва изјави дека верниците не треба да се молат за зголемување на плата, унапредување во кариерата или подобрување на материјалната состојба.
Според руските медиуми, патријархот предупредил дека не е правилно молитвата да се насочува кон барања како повисока заработка, раководна позиција, купување куќа или автомобил, или заминување на одмор.
„Не треба да се молите за нешто што едноставно не е исправно: да ви ја зголемат платата, да ви помогнат да станете началник, да си купите куќа или автомобил, да одите на одмор“, истакнал патријархот.
Тој додал дека ваквите молитви нема да бидат услишени, нагласувајќи дека „небото не одговара на такви молби“.
Патријархот Кирил ги повикал верниците да се молат за она што е поврзано со верата, духовниот живот и односите со семејството и ближните.

