За време на празнувањето на Богојавление беа извршени групни крштевки во Мисионерскиот центар на Митрополијата Аруша, Александриска патријаршија, во Киндамали, регионот Ирингa, во Танзанија. Светата тајна ја изврши митрополитот Аруша, Агатоник.
Во крстилницата на Мисионерскиот центар, катихумените со длабока побожност и видлива возбуда пристапуваа кон светиот купел. Митрополитот Агатоник ги крштеваше новите верници, додека присутните роднини и верници молитвено учествуваа во чинот. Обраќајќи им се на новокрстените, митрополитот ја нагласи важноста на свесниот црковен живот и истрајната духовна патека во православната традиција. Тој истакна дека крштението не е само еден настан во животот, туку почеток на постојана духовна борба, сведоштво и живо учество во црковната заедница.
Особено трогателен е фактот што сè поголем број Африканци, во потрага по автентичноста на христијанската вера и духовната полнота, се обраќаат кон Православната црква. Православието, преку својата литургиска длабочина, теологијата на љубовта и живото предание, ги прегрнува народите на Африка, почитувајќи ја нивната културна посебност и преобразувајќи ја во Христос. Во тој дух, Александрискиот патријархат и на цела Африка, под водството патријарх Теодор Втори, продолжува неуморно и пожртвувано да го развива своето мисионерско дело низ целиот африкански континент.
По завршувањето на крштевките, беше приредена Трпеза на љубовта за новокрстените и сите присутни.

