Архиепископот Стефан бил гостин на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во неговиот кабинет во Град Скопје.
Градоначалникот не сподели детали за што е разговарано, но објави дека средбите со Архиепископот и советите од него му биле водилка при носењето одлуки.
-Имав исклучително задоволство да бидам домаќин на Неговото Блаженство г.г. Стефан. Секогаш е чест и духовно збогатување времето поминато со Него, низ искрените разговори, тивки поуки и мудри совети кои ми се постојана водилка во носењето одлуки, но и во секојдневното дејствување. Благодарам од срце за укажаната чест, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

