Вчера вечервата во Арт Центарот на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија се одржа свечено одбележување на 20-годишнината од камен-темелникот на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите.
Награда за посебен придонес доби Мартин Протогер, а му ја додели Управниот одбор и раководството на Фондот и Меморијалниот центар за неговата поддршка при изградбата на Меморијалниот центар и поддршка на Еврејската заедница во Македонија.
Да се потсетиме, Меморијалниот центар е прв од таков тип во регионот и е значаен симбол на македонско-еврејското пријателство, како и историски паметник за судбината на Евреите од Македонија низ историјата.
Меморијалниот центар е значајна културна и историска знаменитост на Скопје, која неодамна во својата посета на градот ја посети и секретарот за трговија на САД, Хауард Лутник, директорот на „Трамп соушал“ и сегашен советник на претседателот Трамп, Девин Нунјес, но и други високи гости и граѓани кои низ децениите наназад го посетуваа овој значаен објект.
/Нетпрес

